Во Босна и Херцеговина владее големо интересирање кон серијата „Дирилиш Ертугрул“

Серијата на Турската радио телевизија (ТРТ) која ги собори рекордите за гледаност, почна да се емитува на брановите на најгледаниот ТВ-канал „Хајат“ под името „Ертугрул“ со титлуван превод на босански

Во Босна и Херцеговина владее големо интересирање кон серијата „Дирилиш Ертугрул“

Турската серија „Дирилиш Ертугрул“ (Воскресение Ертугрул) која неодамна почна да се емитува во Босна и Херцеговина почна да го привлекува вниманието на гледачите од сите возрасти.

Серијата на Турската радио телевизија (ТРТ) која ги собори рекордите за гледаност, почна да се емитува на брановите на најгледаниот ТВ-канал „Хајат“ под името „Ертугрул“ со титлуван превод на босански.

Првиот дел на серијата „Дирилиш Ертугрул“ наиде на големо воодушевување кај гледачите. Како во сите земји во светот во кои се извезува серијата, така и во Босна и Херцеговина ги привлече гледачите од сите возрасти.

Босанските гледачи истакнаа дека во претстојниот период и сериите како што се „Пајитахт Абдулхамит“ која ја обелоденува историјата како и слични треба да се емитуваат и во Босна и Херцеговина.



Слични вести