Светски познатата плажа Капуташ во Каш кај Анталија секојдневно ја посетуваат голем број туристи

Плажата Капуташ во Каш кај Анталија која е позната по онаа нејзина беспримерна тиркизна боја на водата секојдневно ја посетуваат голем број туристи

kaputaş plajı (10).jpg
kaputaş plajı (8).jpg
kaputaş plajı (5).jpg
kaputaş plajı (3).jpg

Светски познатата плажа Капуташ во Каш едното од најомилените населени места кај познатиот туристички центар Анталија позната по онаа нејзина беспримерна тиркизна боја на водата секојдневно пречекува стотици домашни и странски туристи.

Плажата Капуташ со онаа нејзина беспримерна (уникатна) боја на водата која што од светлозелена се прелива кон сина, како и со онаа нејзина негибната природа која блеска, односно поинаку кажано ги засенува очите, се вбројува меѓу најубавите плажи во светот.

Оние кои патуваат на патот Фетхије-Каш не одминуваат, а да не се сликаат со плажата Капушат во позадината. 

Плажата која што ионака е со светско реноме со секој поминат ден се повеќе го привлекува вниманието на голем број домашни и странски туристи.

Речиси сите посетители на плажата Капуташ одовде си заминуваат со извонредни впечатоци и со бескрајно големо задоволство.



Слични вести