Сесилија Крул ќе одржи концерт во Истанбул

Крул освен песни во поп и џез, пее песни и во грув и соул стил

Сесилија Крул ќе одржи концерт во Истанбул

Пеачката Сесилија Крул која се прочу со песната „My Life Is Going On“ која ја пееше за популарната серија „La Casa De Papel“ ќе одржи концерт во Истанбул.

Пеачката Крул ќе одржи два концерти во Салата на Истанбулската фондација за култура и уметност (ИКСВ) и тоа на 21 и 22 септември.

Интерпретаторката и композиторката Сесилија Крул која потекнува од музичко семејство и од 7 годишна возраст пееше песни за филмовите на Дизни, освен поп и џез, пее песни и во грув и соул стил.

Сесилија Крул досега учествуваше на низа престижни фестивали во Шпанија, Франција, Шведска и Алжир.



Слични вести