Повик за оставка на папата Францискус поради занемарување на сексуалната злоупотреба на децата

Папата уште од 2013 година знаел за сексуалната злоупотреба на децата поради што минатиот месец кардиналот Теодор МекКерик поднесе оставка

Повик за оставка на папата Францискус поради занемарување на сексуалната злоупотреба на децата

Повик за оставка на папата Францискујс поради занемарување на сексуалната злоупотреба на децата

Поранешниот архиепископ на Ватикан во Вашингтон Карло Мариа Вигано, лидерот на римокатоличката црква папата Францискус го повика да поднесе оставка поради занемарување на сексуалната злоупотреба на децата.

Вигано во писмото од 11 страници што го објави во американскиот весник „National Catholic Register“ побара оставка на папата.

Вигано во писмото истакнува дека покрај тоа што папата уште од 2013 година знаел за сексуалната злоупотреба на децата поради што минатиот месец кардиналот Теодор МекКерик поднесе оставка, не презел ништо. Вигано истакна дека за случувањата самиот лично го известил папата.

Папата Францискус уште од 23 јуни 2013 година знаеше за серијата сексуални злоупотреби на кардиналот МекКерик. Папата е првиот човек којшто треба да поднесе оставка поради заложбите на кардиналите и епископите за прикривање на сексуалната злоупотреба на  кардиналот МекКерик со цел да биде добар пример за нив.

Вигано меѓудругото го изнесе тврдењето дека во рамките на католичката црква се наоѓа мрежа на хомосексуалци, потенцирајќи дека во голем број епископии, верски секти овие мрежи на хомосексуалци, се раководат во голема тајност и се шират слично на октоподот. Со своето однесување ги задушуваат невините жртви па дури и црквата.



Слични вести