Празникот Курбан бајрам се одбележува со голема радост во целава земја

По повод празникот Курбан бајрам во сите џамиите во земјава имаше голема посетеност

Празникот Курбан бајрам се одбележува со голема радост во целава земја

По повод празникот Курбан бајрам граѓаните утрово навалија во џамиите.

Голем број граѓани на Истанбул бајрамскиот намаз го клањаа во џамијата Ејуп Султан.

По повод празникот Курбан бајрам во сите џамиите во земјава имаше голема посетеност.

Голем број граѓани во Анкара бајрамскиот намаз го клањаа во џамијата Хаџибајрам. Граѓаните на излегување меѓусебно си го честитаа празникот.

По повод празникот Курбан бајрам граѓаните на Едирне исто така навалија во џамиите. Поголемиот број од граѓаните утринскиот бајрамски намаз го клањаа во џамијата Селимије која важи за едно од ремек делата на најпознатиот архитект од османлискиот период Мимар Синан.

Граѓаните на Денизли исто така ги наполнија џамиите за бајрамскиот намаз.

Граѓаните на измир исто така ги наполнија џамиите за бајрамскиот намаз. Поголемиот број на граѓаните во Измир ја наполнија џамијата Хоџазаде во Алсанџак.

По повод бајрамскиот намаз граѓаните на Малатја исто така ги наполнија џамиите. Некои граѓани на општината Даренде меѓусебно си го честитаа празникот Курбан бајрам во џамијата Сомунџу Баба.



Слични вести