Волонтерите на ТИКА продолжуваат да воспоставуваат мостови на пријателство

Волонтерите престојуваа во посета на Босна и Херцеговина Гана и Мароко

Волонтерите на ТИКА продолжуваат да воспоставуваат мостови на пријателство

Волонтерите на ТИКА продолжуваат да градат мостови на пријателство.

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во рамките на Програмата за споделување на искуствата 2018 продолжува да гради мостови на пријателството меѓу земјите.

Турските студенти кои се стекнаа со искуства во низа земи, истите ги споделуваат градејќи нови мостови на пријателство.

Волонтерите овојпат престојуваа во посета на Босна и Херцеговина, Гана и Мароко.

Студентите имаа можност одблиску да ги видат активностите на ТИКА во Босна и Херцеговина.

Студентите имаа можност да ги видат реставрациите на културно-историските споменици кои се остваруваат со помош и поддршка на ТИКА.

Амбасадорите на добра волја во рамките на посетата на Колумбија имаа можност да ги посетат фармите каде што се одгледува кафе па дури учествуваа и во производствениот процес. Во Мароко извршија здравствени прегледи, додека во Гана во рамките на манифестацијата Научни патеписци се состанаа со студентите на другите земји учеснички.



Слични вести