Истанбул центар на свадбарскиот туризам на странците

Буџетите на свадбите се движат од 2 до 17 милиони турски лири

Истанбул центар на свадбарскиот туризам на странците

Истанбул најпривлечна дестинација за свадбарскиот туризам на странците.

Голем број брачни парови од странство доаѓаат во луксузните места на Босфор во Истанбул каде што прават свадби и склопуваат брак.

Буџетите на свадбите се движат од 2 до 17 милиони турски лири.

Особено брачните парови од Блискиот Исток ја преферираат неспоредливата атмосфера на Босфор за да го кажат судбоносното „Да“.

Цената на спектакуларните раскошни свадби во хотелите и дворците на Босфор вопоследно време се изразуваат со неколку милиони долари.

Еден од најзначајните фактори во изборот на Истанбул за оддржување на свадбите се успешните промоции.

Голема улога и влијание во успешната промоција на Босфор и истанбул во светот одиграа турските серии.

Трендот кој започна со индиските свадби, продолжи со свадбите на иранските и либанските брачни парови кои со трошење големи пари предизвикаа овој тренд да се насочи во една поинаква насока.

Младите од Блискиот Исток само за просторот каде што се одржува свадбата плаќаат најмалку по 2 милионитурски лири.

Најскапата свадба што се направи од почетотокот на летово чинеше 17 милиони турски лири.

Едно од неоткажливите барања на семејствата на туристичките свадби се рагите од својата култура.

Сервисите и услугите кои се пружаат се извршуваат согласно обичаите и традициите на домаќините на свадбата.



Слични вести