Започнаа работите за спуштање на земја на амамот од Артукидите на својата нова локација

Започнаа работите за спуштање на земја на историскиот амам од периодот на Артукидите од самоподвижниот транспортен модуларен систем SPMT со чија помош беше носен на оддалеченост од 3 километри

Започнаа работите за спуштање на земја на амамот од Артукидите на својата нова локација

Историскиот амам од периодот на Артукидите тежок 1.500 тони завчера беше изнесен од браната во населеното место Хасанкејф кај градот Батман и беше пренесен (носен) на просторот на археолошкиот парк, на својата нова локација, на оддалеченост од 3 километри.

Сега пак започнаа работите за спуштање на земја на историскиот амам од самоподвижниот транспортен модуларен систем SPMT со чија помош беше носен.

Утрово се премина кон фаза на спуштање на земја на историскиот амам од Артукидите кој што завчера со церемонија на која што присуствуваше и министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли беше изваден од просторот на браната и беше пренесен на просторот на археолошкиот парк на оддалеченост од 3 километри.

Транспортното возило со самоподвижен модуларен систем SPMT составен од вкупно 264 тркала сега полека се извлекува од под историскиот амам и се спушта врз дигалки.

Работите за спуштање на амамот тежок 1.500 тони се планира да траат приближно 2 часа по што објектот ќе биде поставен на земјата.

Како што се дознава работите за преместување на историскиот амам од периодот на Артукидите чинале 37 милиони турски лири (приближно 7 милиони американски долари).

Турбето Зејнел Баба кое е тешко 1.200 тони и старо 540 години и се смета за најстар историски објект кој што е преместен во целина во светски рамки исто така на 12 мај 2017 година, успешно беше преместено на својата нова локација.

Сега успешно на својата нова локација е преместен и историскиот амам од периодот на Артукидите тежок 1.500 тони кој што е изграден во 1200-тите години.

Работите за преместување на овој историски објект на оддалеченост од 3 километри траеја 6 часа и 40 минути.

 



Слични вести