Историскиот амам од периодот на Артукидите во Хасанкејф-Батман преместен на својата нова локација

Историскиот амам од периодот на Артукидите во Хасанкејф кај градот Батман кој е тежок 1.500 тони и изграден во 1200-тите години успешно е преместен на својата нова локација

Историскиот амам од периодот на Артукидите во Хасанкејф-Батман преместен на својата нова локација
Историскиот амам од Артукидите во Хасанкејф-Батман преместен на својата нова локација
Историскиот амам од Артукидите во Хасанкејф-Батман преместен на својата нова локација

Историскиот амам од периодот на Артукидите тежок 1.500 тони кој што е изграден во 1200-тите години успешно е преместен на својата нова локација.

Историскиот амам од периодот на Артукидите кој се наоѓаше во населеното место Хасанкејф кај градот Батман и е тежок 1.500 тони, беше преместен на својата нова локација во Новиот културен парк Хасанкејф.

Валијата на Батман Ахмет Дениз истакна дека активностите за пренесување (преместување) на објекти кои што се реализираат во рамките на проектот за изградба на браната Илису и хидроелектрична централа се во својство на пример за целиот свет.

Валијата Дениз нагласи дека извлекувањето на историските објекти од браната истовремено се показател и за големината на Република Турција.

Валијата на Батман Ахмет Дениз рече: „Освен овие објекти, ќе бидат преместени уште 6 дела-споменици. Хасанкејф ќе го зачува сопствениот историски идентитет во вистинска смисла. Новиот Хасанкејф ќе стане зеница на туризмот.“

Турбето Зејнел Баба кое е тешко 1.200 тони и старо 540 години и се смета за најстар историски објект кој што е преместен во целина во светски рамки исто така на 12 мај 2017 година, успешно беше преместено на својата нова локација.

Сега успешно на својата нова локација е преместен и историскиот амам од периодот на Артукидите тежок 1.500 тони кој што е изграден во 1200-тите години.

Работите за преместување на овој историски објект траеја 6 часа и 40 минути.



Слични вести