Германците не можат да се откажат од убавините на Измир

По германските, со 20 992 туристи на второ место на посетеност се наоѓаат туристите од Холандија.

Германците не можат да се откажат од убавините на Измир

Според извештајот за туризмот за првата половина на 2018 година, забележан пораст на бројот на туристите во последните три години.

Најголема посетеност на Измир исто како и во изминатите години остварија германските туристи.

Во периодот јануари – мај 2018, 76 415 германски туристи ги посетија културно-историските и туристички дестинации на Измир.

Земајќи ги во предвид бројките во првите шест месеци, бројот на германските туристи кои го посетија Измир во 2016 година изнесуваше 73 708, во 2017 година 61 974 германски туристи. Гледано од тој аспект Измир се најде на најмногу посетените градови од страна на германските туристи.

По германските, со 20 992 туристи на второ место на посетеност се наоѓаат туристите од Холандија.

По Холанѓаните со 17 028 туристи се наоѓа Британија.

Бројот на туристите кои во првата половина на годинава по воздушен и копнен пат допатуваа во Измир изнесува 75 264 туристи и тоа е најголема бројка во последните три години.



Слични вести