Во Памплона Шпанија започна фестивалот Сан Фермин, уличната трка со бикови

Стотици лица ставија црвени марами и облекоа бела облека кои што веќе се традиционализирани и по улицата долга 850 метри почнаа да трчаат заедно со биковите

Во Памплона Шпанија започна фестивалот Сан Фермин, уличната трка со бикови

Во градот Памплона во Шпанија започна фестивалот Сан Фермин, познат по уличната трка на луѓето со биковите.

Стотици лица ставија црвени марами и облекоа бела облека кои што веќе се традиционализирани и по улицата долга 850 метри почнаа да трчаат заедно со биковите.

За време на трката 5 лица беа повредени со удари од роговите на разгневените бикови и им беше укжана прва помош.

Фестивалот кој што ќе трае 9 дена некои го дочекуваат со воодушевување и прослави, а некои се спротивставуваат.

Бранителите на животните во Шпанија излегоа на улиците и протестираа против трките со бикови.

Демонстрантите покажаа реакција против оваа традиција на трчање во бикови дење и борбите со бикови кои што се организираат ноќе.



Слични вести