Започнаа подготвките за фестивалот на Турција во Москва

Започнаа подготвките за фестивалот на Турција кој ќе се одржи од 10 до 12 август 2018 година во главниот град на Русија Москва.

Започнаа подготвките за фестивалот на Турција во Москва

Претседателот на Федерацијата на хотелиерите на Турција (ТУРОФЕД) Осман Ајик истакна дека се започнати подготовките за Фестивалот на Трција кој ќе се одржи во рускиот главен град Москва и напомена дека истиот фестивал кој за прв се одржа во 2017 година го посетија 153 посетители.

Ајик напомена дека вториот Фестивал на Турција ќе се одржи од 10 до 12 август 2018 година во паркот „Krasnaya Presnya“ во Москва и дека се очекува да дојдат рекорден број посетители.

„Во рамките на фестивалот кој што ќе трае во текот на три дена ќе бидат приредени концерти, ќе се одржат манифестации, ќе се презентираат гастрономски и културни активности“, рече Осман Ајик и привлече внимание кон тоа дека Фестивалот на Турција во Русија како една од двете главни пазари на Турција претставува значајна организација во име на туризмот.



Слични вести