Утре вечер муслиманите ќе ја одбележат светата ноќ Кадир

Ноќта Кадир кога почна да се објавува светата муслиманска книга Куранот се прифаќа како ноќ во која се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата, а воедно таа е единствена ноќ чие име се споменува и во Куранот

Утре вечер муслиманите ќе ја одбележат светата ноќ Кадир

Утре вечер ќе се одбележи светата ноќ Кадир (Лејлетул Кадир) за која се вели дека е подобра од илјада месеци и која е 27-ма ноќ на месецот на постот Рамазан.

Ноќта Кадир кога почна да се објавува светата муслиманска книга Куранот се прифаќа како ноќ во која се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата, а воедно таа е единствена ноќ чие име се споменува и во Куранот.

Во сурата Кадир во Куранот оваа ноќ се раскажува вака:

„Куранот, Ние, навистина, почнавме да го објавуваме во ноќта Кадир. А знаеш ли ти која е таа ноќ Кадир? Ноќта Кадир е подобра од илјада месеци. Во таа ноќ се спуштаат мелеците (ангелите) и Џибрил со одобрението на Господарот нивни, поради секаква одлука. Сигурноста е во неа се до појавата на зората“.

Генералната дирекција за верски услуги при Секретаријатот за верски прашања по повод светата ноќ Кадир ќе организира различни манифестации.

Во рамките на специјалните програми во џамиите како што се Ахмет Хулуси Ефенди на универзитетот Памуккале во Денизли, Миллет во Бештепе во Анкара, Јавуз Селим во маалото Џеннет, Фатих и Ташолук Јешил во Истанбул и во Султан Селим во Конја каде што ќе се чита Куран и мевлуд.

 



Слични вести