Организиран ифтар во Келн, Германија против расизмот и тероризмот

На ифтарот што беше приреден на улицата Кеуп која е позната и како Турска улица учествуваа луѓе од различна национална и религиска припадност

Организиран ифтар во Келн, Германија против расизмот и тероризмот

Во градот Келн во Германија синоќа беше организиран ифтар на улица, против расизмот и тероризмот.

На ифтарот што беше приреден на улицата Кеуп која е позната и како Турска улица учествуваа луѓе од различна национална и религиска припадност.

На Турската улица која воедно се нарекува и мал Истанбул  беа поставени маси во должина од 500 метри.

На ифтарот за време на кој пристигнаа пораки за единство против расизмот и од германските политичари, учествуваа повеќе од илјада лица.

Инаку, терористичката организација НСУ (Националсоцијалистичко подземје) на 9 јуни 2004 година реализира бомбашки напад на улицата Кеуп.

Ете и оваа ифтарска организација почна да се приредува пред 4 години, а со цел осудување на тој терористички напад во кој беа порведени 22 лица.

Еснафот од чија страна беше организиран ифтарот изрази уверување и надеж дека пораката за мир која што е дадена ќе наиде на одек во цела Европа.



Слични вести