Синиот дијамант продаден за 6,7 милиони долари

Дијамантот претставува подарок на шпанскиот крал Филип Петти на сопругата Елизабет Фарнезе

Синиот дијамант продаден за 6,7 милиони долари

Синиот дијамант кој последните 300 години ги помина во рацете на европските благородници, на аукцијата во Женева беше продаден за 6,7 милиони долари.

Синиот дијамант кој од страна на аукциската куќа Сотеби беше изнесен на аукција претставува подарок на шпанскиот крал Филип Петти на сопругата Елизабет Фарнезе, ќерка на војводата на Парма со која се ожени во 1715 година.

Синиот дијамант од 6,1 карат кој во последните три века припаѓаше на благородничките семејства на Шпанија, Франција, Италија и Австрија беше продаден за 6,7 милиони долари. По продажбата не беше објавено името на купувачот.

Дијамантот бил изваден од рудникот Голконда во Индија.



Слични вести