Во месец Рамазан се очекува во Едирне да дојдат приближно 300 илјади посетители

Директорот за култура и туризам во Едирне Ахмет Хаџиоглу истакна дека во месец Рамазан се очекува градот да го посетат приближно 300 илјади посетители

Во месец Рамазан се очекува во Едирне да дојдат приближно 300 илјади посетители

Директорот за култура и туризам во Едирне Ахмет Хаџиоглу во дадената изјава за новинарите истакна дека во текот на месецот на муслиманскиот пост Рамазан џамиите во Едирне изградени во име на султаните (Салатин џамиите) ќе наидат на голема заинтересираност кај граѓаните.

Хаџиоглу нагласи дека во месец Рамазан се очекува во Едирне да дојдат приближно 300 илјади посетители.

Велејќи дека месецот Рамазан ќе му донесе берикет на градот, Хаџиоглу рече: „Процентот на пополнетост за ифтарските организации во угостителските објекти во Едирне е на мошне високо ниво. Тоа што Рамазан се совпадна со пролетните месеци ќе придонесе да дојдат поголем број туристи. Рамазанскиот туризам ќе привлече илјадници посетители во градот.“

Хаџиоглу напомена дека воедно и тоа што Едирне е блиску до Истанбул и Балканските земји претставува предност за градот.

Истакнувајќи дека месецот Рамазан ќе помине прилично интензивно во Едирне, Ахмет Хаџиоглу рече: „Домашно туристичката активност во Турција можеби најмногу ќе се доживее во Едирне. Истовремено се очекува да дојдат значаен број посетители и од Западна Тракија и Бугарија каде што живеат наши муслимански браќа.“

Директорот за култура и туризам во Едирне Ахмет Хаџиоглу подвлече дека Едирне е привлечен центар и го додаде следното: „Во фокусот на интересирање на посетителите се наоѓа особено просторот кој што го сочинуваат самииите Селимије, старите џамии и џамиите со три шерефи и кој го дефинираме како Златен триаголник. Едирне е град кој што треба да се прошета и види со неговата историја, култура и географија. Во градот очекуваме приближно 300 илјади посетители.“



Слични вести