Група турски музичари основаа Блуз Здружение

Во рамките на здружението се има за цел да се состанат музичарите и љубителите на музиката, како и да бидат ставени во примена проекти и тоа и на домашни и на меѓународни платформи

Група турски музичари основаа Блуз Здружение

Група составена од турски музичари основаа Блуз Здружение, а со цел поддршка и афирмирање на блуз културата во Турција.

Во рамките на Здружението се има за цел да се состанат музичарите и љубителите на музиката, како и да бидат ставени во примена проекти и тоа и на домашни и на меѓународни платформи.

Меѓу приоритетите на Блуз Здружението ќе се наоѓаат обезбедување на фондови, развивање на идеи и воспоставување на комуникација во врска со блуз музиката, формирање мост помеѓу музичките генерации, водење активности во правец на зајакнување на местото на жените во блуз музиката и обезбедување придонес кон музиката во Турција и светот. 

Во Здружението во кое ќе можат да членуваат сите оние кај кои постои заинтересираност кон блуз музиката воедно ќе се реализираат работилници и обуки, ќе се одржуваат семинари, фестивали и ќе се приредуваат концерти.

На промотивниот состанок што ќе се одржи на 20 мај во Дрвениот Дом (Ağaç Ev) во населбата Кадиќој во Истанбул членовите на Блуз Здружението ќе приредат и мини концерт за учесниците.



Слични вести