Во Лондон промовирана фотографска колекција на султанот Абдулхамид втори

Во Лондон промовирана фотографска колекција на османлискиот султан Абдулхамид втори (1842-1918)

Во Лондон промовирана фотографска колекција на султанот Абдулхамид втори

Во Лондон промовирана фотографска колекција на османлискиот султан Абдулхамид втори (1842-1918).

Во Лондон беше промовирана книгата „Османлиско-британските односи низ фотографската колекција на Сарајот Јилдиз“ подготвена од страна на Центарот за примена и истражување Султан Абдулхамид втори при Техничкиот универзитет Јилдиз, а во рамките на проектот под покровителство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

Промоцијата на книгата подготвена од архивата на османлискиот султан Абдулхамид втори составена од 36 илјади 585 фотографии, се одржа со приреден панел во Институтот Јунус Емре во Лондон на кој како излагачи учествуваа познатите турски историчари професор доктор Илбер Ортајли и професор доктор Вахдеттин Енгин. 

Професор Илбер Ортајли во својот говор на панелот истакна дека фотографската технологија во Османлиската империја започна во времето на султанот Махмуд (1784-1839) и тоа претежно со сликани портрети.

Професор Вахдеттин Енгин привлече внимание на значењето што го посветувал султанот Абдулхамид втори на фотографијата и напомена дека султанот ги разгледувал фотографиите кои што ги собирал и со тоа се обидувал да ги сфати актуелните случувања во тоа време.

Професор Енгин се осврна и на причината поради која во колекцијата на султанот се наоѓале фотографии во врска со Велика Британија, при што укажа на тоа дека Абдулхамид втори благодарение на тоа имал можност да ги следи случувата во оваа земја.



Слични вести