Во Кина пронајден град стар 2.000 години

Откриените остатоци содржат знаци дека припаѓаат на династиите Источен Хан и на Хуните

Во Кина пронајден град стар 2.000 години

Во рамките на археолошките ископувања во кинеската автономна покраина Внатрешна Монголија беа пронајдени остатоци од стар град, за кој се претпоставува дека датира од пред 2.000 години.

Според веста на новинската агенција „Синхуа“, остатоците биле откриени на 1,3 километри северозападно од Големиот кинески ѕид, кој бил изграден во периодот на династијата Источен Хан (50-220 н.е.).

Археолозите веруваат дека античкиот град бил изграден од страна на династијата Источен Хан со цел заземање на трупите на Јужните Хуни.

Стариот град, кој опфаќа површина од околу 210 хектари, се состои од ѕид во должина од 5.850 метри и ров надвор од ѕидините на градот.

За време на ископувањата, во регионот се откриени и повеќе од сто куќи и еден шатор со дијаметар од 32 метри, дизајнирани во војнички стил, користени од страна на северните етнички групи во Стара Кина.

Некои од земјените чинии и тенџериња откриени во ископувањата биле декорирани со бранови и лакови, карактеристики поради кои археолозите тврдат дека овие садови им припаѓаат на културата на Хуните.

Кина во минатото неколкупати се бореше со Хуните за време на династијата Хан.



Слични вести