Папата Францис бараше прошка од Араканците

Барам прошка во името на оние кои ви нанесоа зло и индиферентноста на светот, рече папата Францис

Папата Францис бараше прошка од Араканците

Духовниот лидер на римокатоличката црква папата Францис кој досега не го употребуваше изразот Араканци, во рамките на посетата на Бангладеш првпат го употреби изразот Аракан.

Наместо изразот Араканци кои со векови и генерации во земјата вокоја што живеат немаа граѓански права, Владата на Мијанмар го употребуваше изразот Бангладешки мигранти.

По средбите со цивилните и воени лидери на Мијанмар, папата Францис замина за Бангладеш каде што над 600 илјади аракански муслимани се засолнаа бегајќи од насилствата во Мијанмар.

Папата во Дака ги сослуша исказите на араканските муслимани и ги благослови азилантите кои збореа со него.

Папата Францис на средбата со 16 аракански муслимани со кои се состана во Бангладеш, бараше прошка поради индиферентноста на светот и рече:

„Ние сме блиску до вас. Се наоѓате во многу тешка состојба. Барам прошка во името на оние кои ви нанесоа зло и индиферентноста на светот. Барам да ми дадете прошка од вашите добри срца и души“ рече папата Францис.



Слични вести