TRT World подготви документарен филм за нелегална трговија со човечки органи

Документарниот филм „ Тивка смрт на пат од Сирија“ ја открива нелегалната трговија со човечки органи во целиот регион на Блискиот исток.

TRT World  подготви документарен филм за нелегална трговија со човечки органи

Документарниот филм „ Тивка смрт на пат од Сирија“ подготвен во рамките на документарниот серијал "Off the Grid" ја открива нелегалната трговија со човечки органи во целиот регион на Блискиот исток.

Серијалот  "Off the Grid" продолжува да ги раскажува трагичните приказни на луѓето кои се борат да опстанат во сосема нехумани односи и нехумана средина на Блискиот исток,велат од уредничкиот колегијум на  TRT World .

Документарниот филм „ Тивка смрт на пат од Сирија“  ќе се емитува на 11 ноември 2017 година на каналот TRT World.

Режисер и продуцент на документарнит серијал "Off the Grid" е познатиот новинар од арапските простори Мухсине Енаими а главен продуцент на куќата ТРТ е Александра Полијат.Во ова прво продолжение од серијалот ќе се раскажува за животните услови во бегалскиот камп во Либан,каде привремено се сместуваат бегалци од Сирија.

 

 



Слични вести