Истанбул, Анталија, Едирне и Артвин 4 најпосетени турски градови

Бангкок лани со 21,2 милиони туристи беше најпосетен град на светот

Истанбул, Анталија, Едирне и Артвин 4 најпосетени турски градови

Според резултатите од истражувањето на меѓународната анкетна компанија „Еуромонитор Интернешнл“ за 100 најпосетени градови во светот, Истанбул, Анталија, Едирне и Артвин се најдоа на списокот на најпосетени градови.

Според списокот на најпосетени градови кој беше објавен во рамките на Светскиот саем за туризам во Лондон, Бангкок, главниот град на Тајланд лани со 21,2 милиони туристи беше најпосетен град на светот.

На второ место на списокот се најде Лондон со 19,2 милиони, додека Хонг Конг со 12 милиони 290 илјади на трето место. На списокот кој беше подготвен според најмалку 24 часовен престој и ноќевање во 2016 година, Истанбул со 9 милиони 174 илјади туристи посетеност се најде а 15 место. Анталија со 6,1 милион туристи се најде на 29 место, Едирне со 2,8 милиони на 68 место, Артвин со 2,4 милиони туристи на 85 место.

Според претпоставките во извештајот, во 2020 година Истанбул се очекува да биде посетен од страна на околу 9,5 милиони туристи, Анталија 7 милиони, Едирне 4 милиони, Артвин 2,8 милиони туристи.



Слични вести