ТРТ добитник на седум награди

Серијата „Payitaht Abdülhamit“ (Престолнина Абдулхамит) избрана за серија на годината

ТРТ добитник на седум награди

На 9-та манифестација под наслов „Оние што ги заслужија аплаузите“ што се одржува под покровителство на Меѓународната унија на радио работниците, Турската радио и телевизија (ТРТ) освои 7 награди.

Серијата „Payitaht Abdülhamit“ (Престолнина Абдулхамит) која се емитува во петок навечер на брановите на ТРТ 1 беше избрана за серија на годината.

Наградата ја прими координаторот на ТВ-канал ТРТ 1 Куртулуш Зејдан.

Наградата за радио на годината ја доби емисијата „ТРТ Турќу“.

Наградата за најдобар телевизиски спикер ја освои главниот спикер на главните вести на ТРТ 1 Зафер Кираз.

Наградата за најдобра спикерка на годината ја освои Сермина Бајсал Ата, спикерка на главните вести на информативната програма на ТРТ

ТРТ продолжува да го покажува својот квалитет.

Емисијата „Клуб на добрината“ (İyilik Kulübü) која се емитува на ТРТ 1 беше избрана за најдобра емисија на годината.

Емисијата „Анадолија прашува“ (Anadolu Soruyor)  која се емитува на брановите на ТРТ Хабер беше избрана за најдобра политичка емисија на годината, додека емисијата „А да не беше“ (Ya Olmasaydı) за најдобра информативна документарна емисија.



Слични вести