Турција ќе бара да се вратат историските дела откриени на тлото на Анадолија

Собранието на Република Турција преку надлежната комисија за култура и научно истражување подготвува обемна програма за враќање на културно историските дела пронајдени на тлото на Анадолија и нелегално однесени во светските центри

Турција ќе бара да се вратат историските дела откриени на тлото на Анадолија

Собранието на Република Турција преку надлежната комисија за култура и научно истражување подготвува обемна програма за утврдување, подготвување на инвентар и враќање на културно историските дела пронајдени на тлото на Анадолија и нелегално однесени во светските центри.

Делегација на собраниската комисија за култура и научно истражување ќе ги посети земјите каде што се поставени културно историските дела откриени и ископани на тлото на Анадолија, ќе подготви инвентар на овие дела.

Како што истакна претседателот на комисијата Мустафа Исен ,комисијата е формирана токму заради оваа намена и таа ќе делува во соработка со Министерството за култура и туризам, Генералната дирекција на вакафите, Министерството за надворешни работи, претставници на УНЕСКО, Министерството за царини и трговија и со другите надлежни државни институции заради реализација на својата програма.

Познато е дека голем број културно историски предмети пронајдени и ископани на тлото на Анадолија нелегално преку разни канали биле шверцувани во странство. Сега ние сакаме сите овие предмети да се вратат на почвата од каде што потекнуваат. Тоа е  целта на нашата комисија, да се застане во одбрана на нашата сопственост и да им се застане на патот на шверцерите и кријумчарите кои нелегално заработуваат на овој начин. Сакаме на целиот свет да му покажеме дека за нас тие дела се исклучително вредни,подвлекува Мустафа Исен претседател на собраниската комисија за култура и научно истражување.

 



Слични вести