Почна снимањето на филмот „Исламофобија“

Филмот се снима во културно-истоприските и туристички места на Анталија

Почна снимањето на филмот „Исламофобија“

Во Анталија почна снимањето на филмот „Исламофобија“ чиј режисер и сценарист е Омер Сарикаја.

Снимањето на филмот започна со поддршка на општина Анталија и граѓаните покажаа големо интересирање.

Филмот се снима во културно-истоприските и туристички места на Анталија. Во последниот дел на филмот кој ќе се сними во Холандија ќе играат Адам Дорми кој ќе допатува до Америка и ќе игра во улогата на „Омар“ како и Хрипсиме Саргсјан од Ерменија која ќе игра во улогата на „Нина“.

Филмот се снима под мотото „мир и донација“ рече режисерот Сарикаја, потенцирајќи дека во филмот се обидуваме да објасниме дека исламот е религија на толеранција и милосрдие. Во филмот ја раскажуваме убавината на исламската религија. Исто така даваме придонес во промоцијата на Турција и посебно Анталија. Приходите од филмот ќе се искористат за хуманитарни цели. Филмот ќе почне да се прикажува во 2018 година, рече Сарикаја.



Слични вести