Истанбул,еден од десетте градови кој што привлекува најмногу туристи

Истанбул во списокот влезе на 10.место со предвидување дека до крајот на годинава ќе го посетат 9,24 милиони туристи

Истанбул,еден од десетте градови кој што привлекува најмногу туристи

Истанбул меѓу десетте градови во светот кој што привлекува најголем број на туристи преку целата година.

Според индексот на глобални таргет градови на Мастеркард со седиште во САД, годинава 30 светски градови беа утврдени како градови кои привлекуваат најголем број туристи.

Истанбул во списокот влезе на 10.место со предвидување дека до крајот на годинава ќе го посетат 9,24 милиони туристи од сите страни на светот. Минатата година оваа бројка изнесуваше 9,6 милиони.

Мастеркард овој извештај го објавува во последните 9 години, а истиот се утврдува според вкупниот број на странски туристи, премини преку границите,трошењето на странските туристи во градот каде што престојуваат, како и бројките на патниците добиени од патничките агенции.

Минатата година Банкок беше на чело на списокот , а по него следуваа Лондон, Париз, Дубаи и Сингапур.

 



Слични вести