Голема радост на светите територии по повод аџилакот

Поголемиот број од аџиите со првите зраци на сонцето од Муздалифа тргнаа на пат за Мина

Голема радост на светите територии по повод аџилакот

Муслиманите кои се наоѓаат на аџилак на светите територии, со првите утрински зраци од Муздалифа пристигнаа во Мина.

Кандидатите за аџии кои синоќа од Арафат преминаа во Муздалифа, по намазот јација ноќта ја поминаа читајќи молитви.

Поголемиот број од аџиите со првите зраци на сонцето од Муздалифа тргнаа на пат за Мина, додека некои преферираа да ја почекаат ноќта откако ќе се намали гужвата и тогаш да тргнат на пат.

Кандидатите за аџии денес симболично ќе го каменуваат ѓаволот, ќе го поднесат курбанот (жртвениот добиток) и ќе се подшишаат, ќе остварат Тавафуз-Зијаре (Таваф на посетата) и ќе го облечат ихрамот.

Вториот и третиот ден на Бајрам аџиите ќе го поминат во Мина каде што секој ден ќе го каменуваат шејтанот. Аџиите и четвртиот ден на Бајрам во Мина треба да го каменуваат шејтанот.



Слични вести