Почина Тоб Хупер режисерот на „Тексашки масакр“

Познатиот американски режисер на хорор филмови Тоб Хупер почина на 74 годишна возраст во својот дом во Лос Ангелес

Почина Тоб Хупер режисерот на  „Тексашки масакр“

Познатиот американски режисер Тоб Хупер почина на 74 годишна возраст во својот дом во Лос Ангелес. Лекарите потврдиле дека Хупер починал од  природна смрт.

Хупер беше познат како режисер на хорор филмови а се просалви со филмот „Тексашки масакр“ од 1974 година.

Сценаристот, продуцентот и легендарниот режисер на хорор филмови Тоб Хупер е роден на 25 јануари 1943 во Остин,Тексас.

Филмската кариера ја започна во 1960 година како камерман.

Во 1974 година го сними филмот „Тексашки масакр“ со буџет од само 300 000 долари кој го прослави како режисер на хорор филмови.

Режисерската кариера ја продолжи во 1982 година со филмот „Лошиот дух“ чие сценарио го напиша Стивен Спилберг.

 

 

 



Слични вести