Турција со ново промотивно видео за туризмот

Краткиот филм наречен „Home of Poetry“ е подготвен во рамките на глобалната кампања за промоција на туризмот и културата на земјата

Турција со ново промотивно видео за туризмот

Краткиот филм наречен „Home of Poetry“ е подготвен во рамките на глобалната кампања за промоција на туризмот и културата на земјата насловена "Turkey Home", којашто ја започна министерството во 2014 година

 Министерството за култура и туризам на Турција направи ново кратко промотивно видео во коешто се вклучени неколку карактеристични локации од Турција, а ќе биде емитувано на социјалните медиуми, се вели во соопштението на Министерството.

Краткиот филм наречен „Home of Poetry“ („Дом на поезијата“) е подготвен во рамките на глобалната кампања за промоција на туризмот и културата на земјата насловена "Turkey Home", којашто ја започна министерството во 2014 година.

Промотивното видео се состои од главен рекламен филм во траење од над три минути, додека три други пократки филмови се снимени на античките места низ Турција, во 12 градови.

Инспириран од турската традиција на поезијата, проектот содржи стихови од познати турски поети како што се: Атила Илхан, Илхан Берк, Јахја Кемал Бејатли, Едип Џансевер и Фазил Хусну Дагларџа со цел промоција на убавините на земјата заедно со нејзиното историско наследство, истакна министерот.



Слични вести