Турски фотограф добитник на првата награда на Нешнл Џиографик

Првата награда Дилек Ујар  Јурдакул ја доби за фотографијата на дервиш во танц снимана на мевлевиски дервишки танц во Коња

Турски фотограф добитник на првата награда на Нешнл Џиографик

Добитник на годинешната награда за најдобра фотографија која ја објавува престижното списание Нешнл Џиографик во категоријата Луѓе,  е Дилек Ујар Јурдакул од Турција.

Дилек Ујар  Јурдакул инаку е адвокат по професија и таа е третиот кандидат фотограф од Турција која досега ја добила оваа награда на Нешнл Џиографик, но прва жена од Турција добитничка на наградата.

Првата награда Дилек Ујар  Јурдакул ја доби за фотографијата на дервиш во танц снимана на мевлевиски дервишки танц во Коња, а која таа ја наслови како „ Обожување“.

Јурдакул со фотографија се бави 7  години и досега била добитничка на триесетина национални и меѓународни награди и признанија.

 



Слични вести