Промоција на „Проектот на надеж“ за децата бегалци од Сирија

Проектот цели кон тоа децата бегалци од Сирија играјќи со компјутери да научат турски и англиски јазик ,кодирање и да ја развијат својата интелигенција

Промоција на „Проектот на надеж“ за децата бегалци од Сирија

Во Вашингтон САД се одржа промоција на проектот  „Проект на надеж“ наменет за децата бегалци од Сирија.

Промотори на проектот се Универзитетот Бахчешехир од Истанбул и универзитетот од Њујорк.

Проектот цели кон тоа децата бегалци од Сирија играјќи со компјутери да научат турски и англиски јазик ,кодирање и да го развијат својот интелект.

Како што е познато Турција прифати и згрижува над 3 милиони бегалци од Сирија.

Оние деца кои што се на школска возраст исто така не се запоставуваат, но за жал само 20 одсто од нив се школуваат.

Ете токму увидувајќи ја оваа нивна потреба универзитетите Бахчешехир од Истанбул и универзитетот Њујорк од истиот град во САД подготвија еден ваков проект наменет само за децата бегалци од Сирија.

Преку дигитални игри децата во исто треме ќе се образуваат но и ќе учат странски јазик а воедно и ќе ја развиваат својата интелигенција. Целта на проектот е да им се овозможи на децата да се подготват за својот иден живот и да стекнат стручност за да можат полесно да се вработат.

Моментално проектот „Проект на надеж“ се реализира во Шанлиурфа, со тенденција да се прошири и на останатите градови.

 

 



Слични вести