Недела на турскиот филм во Македонија

Уметноста одигрува голема улога во меѓусебното запознавање на општествата и заедниците

Недела на турскиот филм во Македонија

По повод неделата на турскиот филм во Македонија која што се одржува во соработка на Министерството за култура и туризам на Турција и Друштвото на Локалната мисла, во Скопје се одржа конференција за печатот на која учествуваа Јалчин Топчу главен советник на претседателот на републиката,Метин Ѓундогду пратеник од Партијата на правдата и развојот, амбасадорката на Република Турција во Македонија  Тулин Еркал Каја како и претставници од турските институции, државни органи и низа гости.

Јалчин Топчу во оваа прилика истакна дека уметноста одигрува голема улога во меѓусебното запознавање на општествата и заедниците и дека се надева дека филмот ќе има голем придонес во мирот,слободата и довербата.

Амбасадорката на Република Турција во Македонија Кара го нагласи значењето од претставувањето на турската култура во Македонија. Таа додаде дека во Македонија сеуште постојат низа остатоци од османлискиот период кои не треба да се препуштат на заборавот.

Режисерот Осман Синав рече дека кога престојува во Балканот, тој се чувствува како да е дома а не во странство.Тој додаде дека турските филмови и турските телевизиски серии се прикажуваат во голем број земји во странство и тоа почнувајќи од Јадранот до Кинескиот ѕид.

 



Слични вести