Концерт на 10 јазици на островот Акдамар кај Ван

По повод „9 мај Денот на Европа“ Стопанската комора на Ван и Центарот ЕУ организираа концерт на групата Анка на десет јазици

Концерт на 10 јазици на островот Акдамар кај Ван

Во организација на Стопанската комора на Ван и на Центарот ЕУ , а по повод одбележувањето на „9 мај Денот на Европа“ на островот Акдамар кој што се наоѓа во Ванското езеро се одржа концерт на 10 јазици.

Концертот на музичката група Анка се одржа на платото пред Црквата на островот Акдамар и тоа на турски, курдски, арапски, персиски, шпански, англиски, грчки, еврејски, латински и ерменски јазик.

По повод концертот претседателот на Стопанската комора на Ван, Неџдет Таква рече дека концертот бил замислен како културно уметнички и музички настан,средба на неколку религии и култури.Самиот факт што имаме поддршка од Европската Унија е доволен доказ за успехот на нашиот проект конципиран како средба на културите и јазиците од ова подрачје на Турција. Ние се гордеме со нешето минато, со нашата мултикултура која го претставува богатството на нашата уметничка програма, истакна Таква.

Европската Унија всушност е една целина составена од различитости. И ние поаѓајќи од минатото на нашиот град како мултикултурна целина се обидовме да реализираме еден ваков настан, еден ваков концерт за кој мислиме дека претставува добра основа за испраќање на една универзална порака до целиот свет. Се определивме за концептот Концерт на 10 јазици и по тој повод ја поканивме музичката група Анка со цел да се претставиме на највисоко професионално ниво, подвлече Неџдет Таква.

 

 



Слични вести