Започна меѓународниот фестивал на детето 23 април

Годинава фестивалот ќе се приредува во Невшехир, а темата е „Децата се нашата иднина“

Започна меѓународниот фестивал на детето 23 април

Започна меѓународниот детски фестивал ТРТ 23 Април

Годинава фестивалот ќе се приредува во Невшехир, а темата е „Децата се нашата иднина“ По тој повод валијата на Невшекир Акташ и градоначалникот Унвер изјавија дека Меѓународниот фестивал на детето на ТРТ годинава се приредува во нивниот град што претставува голема чест како за градот Невшехир така и пошироко.

Фестивалот на детето воедно и ден на одбележување на основањето на првото собрание на Република Турција започна со парада на сите учесници кои публиката ги пречека со силни аплаузи и големо интересирање.

На парадата учествуваше и градскиот музички бенд Мехтер .

Поосле парадата децата од неколку земји од светот кои учествуваат на овогодишниот фестивал на детето примија подароци од градските власти.

Инаку празникот на детето 23 мај е подарок до сите деца како во Турција така и во светот од страна на Мустафа Кемал Ататурк,првиот претседател на првото Национално Собрание на Република Турција основано токму на 23 април , и во знак на сеќавање на тој славен датум.

Фествалот на детето 23 април се организира секоја година точно 39 години а главен организатор е ТРТ Турската Радио и Телевизија.

Меѓународниот фестивал на детето 23 Април е прв меѓународен детски фестивал во светот а целта му е децата од целиот свет да се зближат, да станат пријатели,да склопуваат трајни пријатески врски за еден поубав и подобар свет.

 



Слични вести