Исламската вера треба да се одбрани од оние кои што ја злоупотребуваат религијата

Општествата треба многу да се ангажираат младите генерации и децата да се стекнат со високи чисти и вистински духовни и етички вредности

Исламската вера треба да се одбрани од оние кои што ја злоупотребуваат религијата

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека исламската вера треба да се одбрани од оние кои што ја злоупотребуваат религијата.

Во говорот на манифестацијата „Пејгамберот и довербата во општеството“ која што се одржа во Анкара во рамките на Неделата на раѓањето на божјиот пратеник Мухамед, премиерот Јилдирим на сите муслимани им ја честиташе Неделата на раѓањето на божјиот пратеник Мухамед која го опфаќа и 20 април, денот на раѓањето.

Јилдирим во говорот потенцираше на злоупотребата на религијата која се искачи на опасно ниво и рече:

Најопасни елементи од кои треба да ја браниме наша света религија се оние кои ја злоупотребуваат верата. Тагата и жалоста што ја нанесоа сите оние кои што ја злоупотребија религијата сите заедно имавме можност да ја почувствуваме на 15 јули, рече Јилдирим.

Општествата треба многу да се ангажираат младите генерации и децата да се стекнат со високи чисти и вистински духовни и етички вредности, рече Јилдирим и потенцирајќи на порастот на национализмот во светот рече:

За жал запад како последица на стариот традиционален револт се повеќе се зголемува исламофобијата. Кај западниот свет и понатаму преовладува стравот од исламот поради што запад обавезно треба да се соочи со оваа болест.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Кахраман во говорот рече дека сите треба да се инспирираат од Хазрети Мухамед и посака младите поколенија да чекорат по неговиот пат.

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш во говорот рече дека Турција и нејзините граѓани како наследници на една голема цивилизација треба да направиме се што е во наша можност да изградиме доверба во општеството.

Претседателот на секретаријатот за верски прашања на Турција мехмет Ѓормез го изнесе копнежот на Хазрети Мухамед жените да можат да живеат во доверба.



Слични вести