Неделата на раѓањето на божјиот пратеник на муслиманите Мухамед свечено беше одбележана во Данска

Во џамиите децата кои ги посетуваат курсевите за Куран читаа поезија и илахи

Неделата на раѓањето на божјиот пратеник на муслиманите Мухамед свечено беше одбележана во Данска

Неделата на раѓањето на божјиот пратеник на муслиманите Хазрети Мухамед а.с. која го содржи и 20 април, денот на раѓањето, свечено беше одбележана во Данска.

Под покровителство на џамиите и здруженијата на Турската верска фондација (Турк Дијанет Вакфи ДТДВ) во данските градови Икаст, Орхус, Оденсе, Обенро, Фредериксунд, Слагелсе, Фарум и Исхој беше одбележена Неделата на раѓањето на божјиот пратеник Мухамед.

Програмата која започна во петок во градовите Икаст и Орхус, вчера заврши со свеченостите во градовите Фарум и Исхој.

Интересирањето и учеството на муслиманите на свеченото одбележување на Неделата на раѓањето на божјиот пратеник Мухамед, која организација за 4 дена се одржа во 8 дански градови и покрај тоа што за викендот беше одбележан и Велигден, беше големо.

Во џамиите децата кои ги посетуваат курсевите за читање Куран читаа поезија и илахии, додека жените на гостите им продаваа домашни јадења и слатки и на тој начин парите што ги заработија им ги предадоа на здржението во знак на поддршка.



Слични вести