Меѓународен фестивал на детскиот театар „Малечки дами и малечки господа“

На 25 април,вторник во Анкара на свечен начин ќе биде отворен Меѓуинародниот фестивал на детскиот театар „ Малечки дами и малечки господа“

Меѓународен фестивал на детскиот театар „Малечки дами и малечки господа“

Во организација на Генералната дирекција на Државните театри на Турција на 25 април,вторник во Анкара на свечен начин ќе биде отворен Меѓуинародниот фестивал на детскиот театар „ Малечки дами и малечки господа“

Во текот на фестивалот ќе настапат детски театарски ансамбли од Италија, Русија, Шпанија, Косово, Чиле и Грција како и 10 детски театарски ансамбли од домаќинот Турција. Претставите , 102 колку што се утврдени во програмата на фестивалот ќе се одржат на 13 сцени.

Меѓународниот детски фестивал „ Малечки дами и малечки господа“ годинава се одржува по 13.пат, а целта на фестивалот,како што истакнува организаторот е, да се привлечат децата кон театарската уметност, да го засакаат театарот и да соработуваат со разните детски театри од целиот свет.

Фестивалот на детскиот театар ќе трае до 30 април во недела.

Годинава се очекува големо внимание да привлечат претставите од странство како што се  „Малечката куќа“ и „ Хана и Момо“ од Италија, „Циркусот Мутабир“ и „Меканикус“ од Русија, „Часовник со клукајдрвче“ од Шпанија, „Тоа сум јас“ од Косово, „Миккромундо “ од Чиле и „Жирафа“ од Грција.

 

 

 



Слични вести