Туристите од европските земји повторно се усмерија кон Турција

Туристите од европските земји повторно се усмерија кон Турција и за привлекување на поголем број туристи во земјата треба да се зголеми бројот на дестинации и да се продолжи сезоната на поминување на одморот во Турција во текот на селата година

Туристите од европските земји повторно се усмерија кон Турција

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на туристичките агенции на Турција (ТУРСАБ) Фируз Багликаја истакна дека туристите од европските земји повторно се усмерија кон Турција и дека за привлекување на поголем број туристи во земјата треба да се зголеми бројот на дестинации и да се продолжи сезоната на поминување на одморот во Турција во текот на селата година.

Велејќи дека во 2018 година е соборен рекорд во туризмот, Багликаја нагласи дека и оваа година се има за цел да се собори нов рекорд.

Тој напомена дека овогодишната сезона ќе биде започната со цел од туристички приходи во износ од 40 милијарди доалри и дочекување на 50 милиони туристи.

Фируз багликаја изнесе проценки и за следната сезона во врска со што рече: „Европскиот пазар 2018 година ја заврши зад 2015 година. И покрај тоа што соборивме рекорд, тоа е постигнато со туристите кои дојдоа надвор од Европа. Од резервациите во 2019 година гледаме дека Европа се враќа. 2019 година ќе биде поблескава година.“ 

Багликаја напомена дека го истражувале одблизу и пазарот на Далечниот исток и велејќи дека поради големата далечина не би можело да е реално да се цели оттаму да бидат донесени 10 милиони туристи во Турција и рече: „Меѓутоа на овие пазари со секој поминат ден треба постепено да го зголемуваме бројот на туристи. Ние годинава на тие пазари доловивме раст од околу 60 отсто. Имаме за цел тоа така постепено да го зголемуваме и да достигнеме до еден милион, еден и пол милион туристи.

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на туристичките агенции на Турција (ТУРСАБ) Фируз Багликаја напомена дека туристите кои доаѓаат од Индија се соочуваат со проблеми поради визите и дека овој проблем треба што побрзо да се реши, а воедно додаде дека ова прашање се разгледува со Министерството за надвореши работи.



Слични вести