Богатсвото на 400 Американци поголемо од богатството на 150 милиони лица

Истражувањата во врска со нееднаквоста во богатството покажуваат дека богатството на 400 Американци од 1980-те години се зголеми за трипати повеќе

Богатсвото на 400 Американци поголемо од богатството на 150 милиони лица

Богатството на 400 најбогати Американци поголемо од богатството на над 60 насто од сиромашните 150 милиони лица во земјата.

Истражувањата во врска со нееднаквоста во богатството покажуваат дека богатството на 400 Американци од 1980-те години се зголеми за трипати повеќе.

Во извештајот „База на податоци за нееднаквоста во светот“ кој беше подготвен од страна на Габриел Зукман економистот при универзитетот Калифорнија беше посочено на јазот меѓи најбогатиот и најсиромашните слоеви во САД.

Во извештајот се истакнува дека имотот на 400 најбогати Американци чиј број изнесува 0,00025 од севкупното население на САД, е поголемо од богатството на над 150 милиони возрасни Американци од долниот слој, чиј број изнесува над 60 насто од севкупниот број на Америка.

Според извештајот, уделот на 60 насто од сиромашната популација во севкупното богатство на земјата во 1987 година изнесуваше 5,7 насто, додека оваа бројка во 2014 година се намали на 2,1 насто.



Слични вести