Расте бараноста на турскиот чај во Европа

Според податоците објавени од страна на Унијата на извозниците од источноцрноморската област (ДКИБ), во месец јануари оваа година Турција оствари извоз на 318 тони чај од кои заработи 773 илјади 67 долари

Расте бараноста на турскиот чај во Европа

Турција во првиот месец (јануари) од оваа (2019) година реализира извоз на чај во 42 земји во светот, а поготово во европски земји како Германија, Франција и Холандија.

Според податоците објавени од страна на Унијата на извозниците од источноцрноморската област (ДКИБ), во месец јануари оваа година Турција оствари извоз на 318 тони чај од кои заработи 773 илјади 67 долари.

На тој начин, извозот на чај  во јануари во споредба со истиот месец минатата (2018) година на количинска база се зголеми за 110 отсто, а на вредносна база за 102 отсто. 

Во остварениот извоз на чај од Турција во јануари со 274 илјади 515 долари се наоѓа Германија, втора е Франција со 165 илјади 232 долари, а трета Холандија со 85 илјади 410 долари.

Во истиот период (месец јануари) минатата година беше остварен извоз на 151 тон чај од кои беа заработени 382 илјади 617 долари.



Слични вести