Бројот на патници кои патуваа авионски во Турција во јануари изнесува над 14 милиони лица

Бројот на полетувања и слетувања на домашни линии во месец јануари во Турција изнесуваше 63 илјади 266 летови, а на меѓународни линии 41 илјада 425 летови со кои беа превезени авионски вкупно 14 милиони 68 илјади 59 лица

Бројот на патници кои патуваа авионски во Турција во јануари изнесува над 14 милиони лица

Бројот на патници кои патуваа по воздушен пат во Турција во месец изнесуваше вкупно 14 милиони 68 илјади 59 лица.

Генералната дирекција на Државното претпријатие за менаџмент со аеродромските услуги (ДХМИ) ги соопшти статистичките податоци за бројот на авиопатниците, воздушниот сообраќај и товарот во карго авионскиот сообраќај за месец јануари оваа (2019) година.

Според тоа бројот на полетувања и слетувања на домашни линии во јануари изнесуваше 63 илјади 266 летови, а на меѓународни линии 41 илјада 425 летови. Во истиот месец беа реализирани 37 илјади 488 прелетувања. на тој начин вкупниот авионски сообраќај кој што пружа услуга по воздушен пат заедно со прелетувањата достигна до 162 590 летови.

Во месец јануари годинава (2019) во внатрешните линии беа регистрирани 8 милиони 577 илјади 880 летови, а во меѓународните линии  6 милиони 308 илјади авиопатници. На тој начин, заедно и со директните транзитни патници во јануари беа превезени по воздушен пат вкупно 14 милиони 68 илјади 59 лица.  

Заклучно со месец јанаури е реализиран транспорт на вкупно 269 илјади 641 тон товар (карго, пошта и багаж), од кои 67 илјади 999 тони во внатрешните линии, а 201 илјада 642 тони во меѓународните линии.



Слични вести