Зголемен кредитниот обем на банкарскиот сектор

Според неделниот билтен на Агенцијата за регулирање  и супервизија на банките (БДДК), кредитниот обем на секторот неделата која заврши на 4 јануари го заокружи со пораст од 14 милијарди 427 милиони турки лири

Зголемен кредитниот обем на банкарскиот сектор

Минатата недела кредитниот обем на банкарскиот сектор со раст од 14 милијарди 427 милиони турски лири се зголеми на 2 трилиони 476 милијарди 186 милиони турски лири.

Според неделниот билтен на Агенцијата за регулирање  и супервизија на банките (БДДК), кредитниот обем на секторот неделата која заврши на 4 јануари го заокружи со пораст од 14 милијарди 427 милиони турки лири.

Во наведениот период вкупниот крдитен обем од 2 трилиони 461 милијарди 759 милиони турски лири се зголеми на 2 трилиони 476 милијарди 186 милиони турски лири.

Вкупниот износ на кредитите кои што беа доделени во овој период на финансискиот сектор изнесуваше 75 милијарди 935 милиони турски лири, додека останатиот дел изнесува 2 трилиони 247 милијарди 983 милиони турски лири.

Минатата недела беше забележан раст од 21 милијарда 24 милиони турски лири во вкупните влогови и депозити (вклучувајќи ги и меѓубанкарските). Во наведената недела вкупните влогови и депозити на банкарскиот сектор достигна раст од еден отсто и изнесува 2 трилиони 180 милијарди 979 милиони турски лири.



Слични вести