Туркиш Ерлајнс во 2018 година превезе 75,2 милиони патници

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во 2018 година превезе 75,2 милиони лица, што претставува раст од 10 отсто во споредба со 2017 година

Туркиш Ерлајнс во 2018 година превезе 75,2 милиони патници

Бројот на авиопатници на Турската е ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во 2018 година во споредба со претходната 2017 година со раст од 10 отсто достигна до 75,2 милиони лица.

Вкупниот процент на пополнетост на патници во периодот јануари-декември во 2018 година со раст од 3 поени изнесува 82 отсто. 

Процентот на пополнетост кај странските патници со раст од 3 поени достигна до ниво од 81 отсто, процентот на пополнетост кај домашните патници пак со раст од приближно 1 отсто достигна до ниво од 85 отсто.

Во бројот на странски патници, со исклучок на трансфер патници од надвор кон надвор, е остварен значаен раст од приближно 12 отсто.

Вкупната превезена количина на карго (товар) и пошта во 2018 година во споредба со претходната 2017 година со раст од 25 отсто достигна до 1,4 милиони тони.



Слични вести