Во првата четвртина од оваа година се очекува раст во надворешната трговија на Турција

Министерството за трговија ја соопшти  Анкетата за очекуваната надворешна трговија во врска со првата четвртина од оваа година (2019) и според тоа индексот на очекуваниот извоз во првата четвртина од годинава се очекува да оствари раст од 5,4 поени

Во првата четвртина од оваа година се очекува раст во надворешната трговија на Турција

Индексот на очекуваниот извоз на Министерството за трговија на Турција, во првата четвртина од годинава (2019) во споредба со претходната четвртина (во 2018 година), со раст од 5,4 поени се зголеми на ниво на 117 поени.

Министерството за трговија ја соопшти  Анкетата за очекуваната надворешна трговија во врска со првата четвртина од оваа година (2019).

Според тоа, индексот на очекуваниот извоз во првата четвртина од годинава во споредба со претходната четвртина се зголеми за 5,4 поени.

Индексот во четвртата четвртина од минатата (2018) година изнесуваше 111,6 поени, додека во првата четвртина од оваа (2019) година се зголеми на ниво од 117 поени. Индексот кој што е во прашање, во споредба со истиот период минатата година оствари раст од 4,5 поени.

Индексот на очекуваниот увоз на Турција пак во првата четвртина од оваа (2019) година, во споредба со четвртата четвртина од минатата (2018) година се намали за 5,4 поени.

Индексот кој што во четвртата четвртина од минатата година изнесуваше 100,1 поени, во првата четвртина од оваа (2019) година е на ниво од 94,7 поени. Индексот во споредба со истиот период минатата (2018) година е со пад од 20,3 поени.



Слични вести