Измир се подготвува за едниот од водечките саеми за туризам на Турција

Градот Измир, бисерот на Егејот, од утре 6 декември до 8 декември ќе биде домаќин на Саемот за туризам „Travel Turkey İzmir“ и Меѓународниот конгрес за гастрономски туризам, едниот од водечките саеми за туризам на Турција

Измир се подготвува за едниот од водечките саеми за туризам на Турција

Утре во градот Измир ќе започне Саемот за туризам „Travel Turkey İzmir“ и Меѓународниот конгрес за гастрономски туризам, едниот од водечките саеми за туризам на Турција.

На саемот ќе се состанат сите претставници на туристичкиот сектор.

На саемот кој што оваа година се одржува по 12-ти пат се очекува да учествуваат 38 земји и над 1.200 учесници од 48 градови.

Во рамките на саемот ќе бидат презентирани и промовирања во однос на технологиите на патување, а ќе бидат одржани и панели.

На саемот кој се одржува со поддршка на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во градот Измир, бисерот на Егејот, ќе се состанат професионалци од туристичкиот сектор од различни делови на светот.

Во склопот на програмата која што ќе трае во текот на два дена се планира да бидат пречекани над 200 купувачи од 45 земји ширум светот. 

Учесниците на саемот се има за цел да склучат нови зделки и да фрлат потпис на договори со кои што ќе бидат зголемени туристичките приходи на земјата.

Саемот почнува утре (6 декември, четврток), а ќе завшри на 8 декември во сабота.

Од друга страна, утре во Измир ќе започне и Меѓународниот конгрес за гастрономски туризам кој што оваа година се одржува по 4-ти пат.

Лисабон, главниот град на Португалија и член на Светската мрежа на гурмански градови, ќе го заземе своето место на овој значаен меѓународен конгрес како гостински град. 

Во рамките на конгресот ќе се одржи и „Меѓународна дегустациона манифестација“.

На церемониите на отворање на Саемот за туризам „Travel Turkey İzmir“ и Меѓународниот конгрес за гастрономски туризам во Измир се очекува да учествува и министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.

 



Слични вести