За 10 месеци во 2018 година најмногу бродови за крстарење дојдоа во Кушадаси

Во периодот јануари-октомври, за 10 месеци, оваа (2018) година во 11 пристаништа на Турција дојдоа вкупно 247 бродови за крстарење, од кои најмногу 145 дојдоа во пристаништето на познатото туристичко одморалиште Кушадаси

За 10 месеци во 2018 година најмногу бродови за крстарење дојдоа во Кушадаси

Од вкупно 247 бродови кои што во периодот од 10 месеци оваа година дојдоа во 11 пристаништа на Турција, во познатото туристичко одморалиште Кушадаси дојдоа 145 бродови.

Во периодот јануари-октомври, за 10 месеци, оваа (2018) година во 11 пристаништа на Турција дојдоа вкупно 247 бродови за крстарење.

Бројот на патници кои дојдоа со овои бродови изнесува 39 илјади 153 лица, бројот на патници кои заминаа 45 илјади 831, а бројот на транзитни патници 125 илјади 102. 

Кога ќе се погледне процентуално, 58,7 отсто од наведените (вкупно 247) бродови за крстарење дојдоа во населеното место Кушадаси кај градот Ајдин, на егејскиот брег. 

Така во периодот јануари-октомври, за 10 месеци, оваа (2018) година во пристаништето на Кушадаси се укотвија 145 бродови за крстарење.

Најпрометно пристаниште од аспект на патници кои дојдоа, заминаа и поминаа транзит, во периодот јануари-октомври, повторно беше пристаништето на познатото туристичко одморалиште Кушадаси.

Во пристаништето на Кушадаси дојдоа 10 илјади 392 патници, 17 илјади 130 патници заминаа, а 90 илјади 896 беа транзитни патници.

 



Слични вести