Бројот на домашните и странските туристи во Турција за 9 месеци достигна до 36 милиони

Бројот на домашните и странските туристи во Турција  во периодот од 9 месеци од оваа (2018) година во споредба со истиот деветмесечен период минатата (2017) година со остварен раст од 18,5 отсто достигна до 36 милиони лица

Бројот на домашните и странските туристи во Турција за 9 месеци достигна до 36 милиони

Во рамките на кампањата за рано резервирање за 2019 година се очекува зголемување на побарувачката во туризмот за околу 40 отсто.

Бројот на домашните и странските туристи во Турција  во периодот од 9 месеци од оваа (2018) година во споредба со истиот деветмесечен период минатата (2017) година со остварен раст од 18,5 отсто достигна до 36 милиони лица.

Особено продолжува растот во бројот на посетителите кои што доаѓаат од Европа, така што доколку овој тренд продолжи бројот на посетителите до крајот на годината ќе достигне и до 45 милиони. 

Бројката од 45 милиони посетители ќе претставува најдобар перформанс во туристичкиот сектор на Турција.

Туристичките приходи на Турција за во периодот од 9 месеци оваа година споредено со истиот период минатата година со раст од 14 отсто достигна до 23 милијарди долари.

Раното резервирање во планирањето за одмор е од големо значење од аспект и на секторот и на туристите.

Впрочем процентот на намаленијата во првиот период од раното резервирање се движи од 30 отсто до 50 отсто.

Така различно од изминатите години, годинава се очекува да дојде до пораст во кампањата за ранон резервирање од околу 40 отсто.

Оваа година особено се избираат културните патувања и овој тренд се очекува да продолжи и во наредната 2019 година.

 



Слични вести