Земјите на ЕУ не можеа да се договорат за воведување на дигитален данок

На состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во главниот град на Белгија, Брисел, на кој се состанаа министрите за финансии на 28 земји членки на Европската унија (ЕУ) беше дискутирано за оданочувањето на дигиталната економија

Земјите на ЕУ не можеа да се договорат за воведување на дигитален данок

Земјите членки на Европската унија (ЕУ) не можеа да постигнат договор по прашањето на воведување данок за дигиталните платформи (корпорациите од информатичката сфера) како што се Фејсбук (Facebook), Гугл (Google) и Твитер (Twitter) и тоа согласно со нивните годишни приходи.

На состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во главниот град на Белгија, Брисел, на кој се состанаа министрите за финансии на 28 земји членки на Европската унија (ЕУ) беше дискутирано за оданочувањето на дигиталната економија.

Во објавеното соопштение од Советот на Европската унија (ЕУ) се истакнува дека преговорите се фокусирани во однос на обемот на услугите кои што ќе биде воведен данок и на прашањето за тоа колку ќе остане во примена данокот за кој што станува збор. 

Во соопштението се вели дека ќе продолжат техничките работи по прашањето на дигиталниот данок во Европската унија (ЕУ) и дека на состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) што ќе се одржи на 4 декември ќе се работи за донесување на заедничка одлука.

исто така се нагласува дека земјите на Европската унија (ЕУ) ќе се придржуваат кон предлогот на Организацијата за  економска соработка и развој (ОЕЦД) за сеопфатно (инклузивно) решение во однос на дигиталните даноци.

Според предлогот за подготвување нацрта за оданочување на дигиталната економија соопштен од страна на Комисијата на Европската унија (ЕУ) во месец март, дигиталните платформи т.ј. корпорациите од информатичката сфера како Гугл, (Google), Фејсбук (Facebook), Убер (Uber), Твитер (Twitter), Еирбнб (Airbnb) и Амазон (Amazon) ќе плаќаат данок во износ од 3 отсто од своите годишни приходи.

Доколку Европската унија (ЕУ) го стави во примена дигиталниот данок се има за цел годишно да собира по приближно 5 милијарди долари данок.

Меѓутоа, загриженоста дека САД за одбрана на своите компании ќе се осветат за планот за дигитален данок кој што инаку е поддржуван особено од страна на Франција, се наоѓа меѓу насловите кои што доведуваат до разидување или неусогласеност меѓу земјите членки на Европската унија (ЕУ).

За ставање во примена на дигиталниот данок треба да се добие поддршката на сите земји членки на Европската унија (ЕУ), односно да постои едногласност по ова прашање.

 



Слични вести