Русија се подготвува за контра потег против новите санкции на САД

Руската држава може да се бори и од економски аспект против евентуалните санкции во врска со долгот

Русија се подготвува за контра потег против новите санкции на САД

Русија се подготвува за контра потег против новите санкции на САД.

Рускиот заменик министер за финансии Сергеј Сторчак рече дека во случај САД преземат санкции во врска со долгот на Русија, тогаш ќе поднесат жалба до меѓународните платформи.

На прес конференцијата во Москва, Сторчак рече дека немаат информации за последната ситуација во врска со евентуалните планови на САД за преземање санкции во врска со долгот на Русија.

Во случај САД преземат санкции во врска со долгот на Русија, тогаш ќе поднесат жалба до меѓународните платформи, рече Сторчак потенцирајќи дека најпрвин ќе поднесат жалби до меѓународните платформи како што се Г20 и Советот за надзор на финансиската стабилност.

Руската држава може да се бори и од економски аспект против евентуалните санкции во врска со долгот, рече Сторчак и додаде:

„Буџетскиот дефицит кој ќе се формира како последица на санкциите можеме да го затвориме со резервите, Не паничиме“.

Во освртот на последните изјави и соопштенија кои беа објавени од Европа и европските функционери, Сторчак рече дека истите се многу поволни.

„Европејците се спремни на трговија како со стока така и во билатералната трговија со националната валута евро“ рече Сторчак.

Министерството за трезор на САД најави дека забраната за трансакции наспроти долгот на Русија како и ограничувањата во врска со трансакциите со долари на руските банки би можеле да ги започнат во текот на овој месец.



Слични вести