Турција се подготвува да стане водечка земја во светот по произодството на фистаци

Реколтата на фистаци во Турција во 2018 година во споредба со минатата (2017) година со раст од 208 отсто достигна до околу 240 илјади тони

Турција се подготвува да стане водечка земја во светот по произодството на фистаци

Турција се подготвува да стане водечка земја во светот по произодството на фистаци.

САД, Иран и Турција се три земји кои обезбедуваат 85 отсто од потребите на светот од фистаци.

Турција по САД и Иран се наоѓа на трето место по производството на фистаци во светот. 

Реколтата на фистаци во Турција во 2018 година во споредба со минатата (2017) година со раст од 208 отсто достигна до околу 240 илјади тони.

Фистаците се од омилените производи на земјоделците особено во подрачјата на градовите Шанлиурфа, Газиантеп и Сиирт во југоисточно Анадолската област каде што има плодни земјоделски површини.

Површината на производството на фистаци во Турција која што во 2000-дитите години изнесуваше 2 милиони декари во последните 18 години е зголемена за повеќе од 500 отсто и достигна до 3,2 милиони декари. 

Фистаците се производ кој што успева на ретки места во Медитеранскиот басен, додека приближно 50 отсто од производството во Турција се обезбедува од подрачјето на градот Шанлиурфа, во југоисточниот дел на земјата. 

 



Слични вести